Граѓанско Здружение
Незапирливи
Секој од нас заслужува шанса да го открие својот глас, својот пат и своето место.
Секој од нас заслужува шанса да го открие својот глас, својот пат и своето место.
Да ги идентификуваме и поддржиме талентите на секој поединец, насочувајќи ги кон јасни цели, личен развој и остварливи резултати.
Средина која обезбедува јасни услови, системска поддршка и реални можности за млади талентирани личности да се развиваат преку менторство, личен раст и практична примена, со цел да станат самоуверени, самостојни и влијателни архитекти на својот пат.
Да ги откриеме и активираме талентите, градејќи мрежа на поддршка која го поттикнува нивниот развој. Да стимулираме издржливост, одговорност и вредности, создавајќи идни ментори, лидери и инфлуенсери.
Развој на таленти
Столбови на нашиот развоен концепт
Концептот се темели на три клучни столба, духовен, интелектуален и материјален. Балансот помеѓу овие аспекти овозможува секое дете да се развива целосно, стабилно и во склад со својот ритам и потенцијал. Кога детето се чувствува безбедно, ценето и поддржано, се отвора вистинскиот пат кон неговиот личен напредок.
Патот на развојот во осум чекори
Секое дете поминува низ осум фази на раст. Од откривање на талентот, преку учење, примена и натпревар, па сè до фази кога самото дете станува ментор, лидер и инспирација за други. Процесот е јасно структуриран и овозможува постепено градење на самодоверба, идентитет и влијание, со постојана поддршка од наставници, родители и ментори.
Моментот пред да го откриеш својот талент и моментот откако ќе го откриеш својот талент!
Ги следиме нашите цели со истрајност и грижа, секогаш фокусирани на долгорочен развој.
Преземаме одговорност за нашите зборови, избори и влијанието што го имаме врз заедницата.
Создаваме средина на разбирање, каде што секој се чувствува виден, прифатен и вреден.
Препознаваме и разбираме што чувствуваат другите, слушаме со срце и делуваме со сочувство за да изградиме доверба и блискост.
"Талентот е подарок од природата, ама она што ќе направиш со него е подарок што му го враќаш на светот.“ - Leo Buscaglia
Ако се пронаоѓате во нашиот концепт и верувате дека заедно можеме да придонесеме за подобра средина за раст, учење и развој, приклучете се!
Со надеж дека оваа родителска иницијатива ќе продолжи и ќе стане поттик за сите нас, да чекориме напред и да ги поддржиме децата токму таму каде што блескаат. Бидејќи нивниот успех заслужува вистинска поддршка.
Една порака што ја понесов од оваа многу интересна работилница е дека секое дете во себе носи одреден талент, а наша улога е да го препознаеме, да го мотивираме и да му помогнеме да чекори по патот што сам ќе го избере.
Оваа работилница ме поттикнува на размислување, на нови идеи, ме поттикнува да направам нешто ново пред се за мене како личност, а и за општо добро. Ако сум инспирирана на позитивни нешта и имам позитивни цели, тогаш можам да дадам придонеси за околината и за другите, конкретно како наставник за моите ученици.