Мисија

Мисија

Да ги откриеме и поддржиме талентите во секој поединец и да ги насочиме кон јасни цели, личен раст и остварлив успех.

Визија

Визија

Средина што обезбедува јасни услови, системска поддршка и реални можности за млади талентирани личности да се изградат преку менторство, личен развој и практична примена, со цел да станат самоуверени, самостојни и влијателни двигатели на сопствениот пат.

Цели

Цели

Ги откриваме и активираме талентираните личности, градејќи мрежа на поддршка што го поттикнува нивниот развој. Стимулираме издржливост, одговорност и вредности, создавајќи идни ментори, лидери и инфлуенсери.

Методологија на работа

"Концепт Незапирливи"

Методологија на работа

"Концепт Незапирливи"

Ментор

Методологијата претставува систематски и иновативен пристап за откривање, стимулирање, развивање и насочување на талентите кај млади. Развиена од родители на талентирани деца, таа комбинира практично искуство и теоретски основи за да создаде флексибилен и јасен пат за раст, со целосен фокус на личен напредок, самодоверба и долгорочен развој.

Три столба

Концептот се заснова на три клучни столбадуховен, интелектуален и материјален развој. Балансот меѓу овие аспекти овозможува секое дете да се развива целосно и стабилно, според својот ритам и потенцијал. Кога детето се чувствува безбедно, вредно и поддржано, тогаш се отвараат вистинските патишта за напредок.

Осум нивоа

Секое дете поминува низ осум фази на раст – од откривање на талентот, преку учење, примена и натпревар, сè до фази каде самото дете станува ментор, лидер и инспирација за другите. Овој процес е јасно структуриран и овозможува постепено градење на самодоверба, идентитет и влијание, со поддршка од наставници, родители и ментори.

Талентот расте кога ќе биде препознаен и поддржан.

Секој од нас заслужува шанса да го открие својот глас, својот пат и своето место.

Активни Проекти

Активни Проекти

Први Чекори на Сцена

Проект што ги поттикнува и развива музичките, танчерските и актерските таленти на децата од Кисела Вода, преку работилници, посета од ѕвезди-гости и голем финален концерт. ...more

Активни Проекти

August 14, 20251 min read

Први Чекори на Сцена

Патот до Успехот – Втора Работилница во Кисела Вода

„Патот до успехот“, работилници во четири училишта во Кисела Вода за наставници и стручни служби, со цел рано препознавање и насочување на талентираните деца за нивен целосен развој и успех. ...more

Активни Проекти

August 14, 20251 min read

Патот до Успехот – Втора Работилница во Кисела Вода

Талентот расте кога ќе биде препознаен и поддржан.

Секој од нас заслужува шанса да го открие својот глас, својот пат и своето место.

Наши Вредности

Веруваме во свет каде секој е важен, не затоа што треба, туку затоа што навистина е. Нашите вредности не се правила на хартија, туку начин на однесување: да видиш, да слушнеш, да бидеш до некого кога му треба, да му дадеш шанса, а не притисок. Затоа сме тука, не за да поправаме, туку за да поддржиме. Не за да водиме, туку за да бидеме заедно.

Посветеност

Ги следиме нашите цели со истрајност и грижа, секогаш фокусирани на долгорочен развој.

Одговорност

Преземаме одговорност за нашите зборови, избори и влијанието што го имаме врз заедницата.

Грижа

Создаваме средина на разбирање, каде што секој се чувствува виден, прифатен и вреден.

Емпатија

Слушаме со срце, делуваме со разбирање.

Моменти кои би ги издвоиле:

Моменти кои би ги издвоиле:

Гостување во Утринска на Телма со Елена Симоновска и Андриjана Тасевска за пилот проектот „Патот до успехот“

Прилог од ТВ Сител, за влијанието на проектот Патот кон Успехот - ООУ "Кузман Јосифовски Питу"

Здраво Македонијо - „КОНЦЕПТ НЕЗАПИРЛИВИ“

Баланс на Животот и Кариерата. Сонувајте Големи Соништа. Гостување во Утринска на Телма

Талентот е почеток,
трудот ја создава приказната.

Сакате да станете дел од нашата мрежа?

Погледнете повеќе детали овде:

Ако се пронаоѓате во нашиот концепт и верувате дека заедно можеме да придонесеме за подобра средина за раст, учење и развој, приклучете се!

Сакате да станете дел од нашата мрежа?

Погледнете повеќе детали овде:

Ако се пронаоѓате во нашиот концепт и верувате дека заедно можеме да придонесеме за подобра средина за раст, учење и развој, приклучете се!

Талентот е почеток,
трудот ја создава приказната.

Гласови на заедницата

Гласови на заедницата

Со надеж дека оваа родителска иницијатива ќе продолжи и ќе стане поттик за сите нас, да чекориме напред и да ги поддржиме децата токму таму каде што блескаат. Бидејќи нивниот успех заслужува вистинска поддршка.

Андриjана Тасевска
Андриjана Тасевска
Психолог во ООУ "Круме Кепески"

Една порака што ја понесов од оваа многу интересна работилница е дека секое дете во себе носи одреден талент, а наша улога е да го препознаеме, да го мотивираме и да му помогнеме да чекори по патот што сам ќе го избере.

Елена Симоновска
Елена Симоновска
Директор во ООУ "Климент Охридски"

Оваа работилница ме поттикнува на размислување, на нови идеи, ме поттикнува да направам нешто ново пред се за мене како личност, а и за општо добро. Ако сум инспирирана на позитивни нешта и имам позитивни цели, тогаш можам да дадам придонеси за околината и за другите, конкретно како наставник за моите ученици.

Сузана Англова
Сузана Англова
Наставник по одделенска настава во ООУ "Куме Кепески"

Поддржувачи на Граѓанското Здружение:

Поддржувачи на Граѓанското Здружение:

LogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogoLogo

Бидете во допир со нас:

Контакт

Ул. Дебарска, 1000 Скопје

Е-mail: [email protected]

Tel: +389/00-000-000

Debarska, 1000 Skopje, North Macedonia

Кога сме обединети, стануваме НЕЗАПИРЛИВИ!
© Copyright 2022 Nezapirlivi | All rights reserved.