Октомври – ноември 2026

„Гласот на Ѕвездите 2026“

„Гласот на Ѕвездите 2026“ · две работилници за млади актери и музичари

„Гласот на Ѕвездите“ се враќа во 2026 година. Со поддршка на Општина Кисела Вода, Здружението „Незапирливи“ организира три настани: две работилници за млади таленти и завршен концерт на кој настапуваат децата од основните училишта во Кисела Вода.

Идејата зад проектот

Проектот става акцент на поддршката меѓу генерациите. Низ искрени разговори со успешни уметници, младите слушаат како навистина изгледа патот кон успехот: не само светлата страна на славата, туку и товарот, вербата, упорноста и внатрешната борба со искушенијата што славата ги носи.

Потоа тие истите млади се враќаат во своите училишта за да ги инспирираат и поведат новите таленти, преземајќи нови улоги: ментори, поддржувачи и лидери. Целта е тоа искуство да им ја зголеми самодовербата и радоста, и да им помогне на патот кон успехот.

Новина оваа година е што учесниците се втор пат во проектот, па добиваат поодговорна улога. Децата од осмо и деветто одделение стануваат лидери на заедницата.

Двете работилници

Работилниците се одржуваат во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, со почеток во 14:00 часот. Кликни на постерот за повеќе детали за секоја работилница.

Види ја целосната агенда →

Завршен концерт

Завршниот концерт ќе се одржи на 19 ноември 2026 година, во 19:00 часот, во Домот на културата „Билјана Беличанец“. На сцена настапуваат избрани деца од основните училишта во Кисела Вода, секое училиште со свои точки. Меѓу настапите се доделуваат награди за лидерство, а концертот завршува со заедничка изведба на песната „Македонија“, заедно со публиката.

Од првото издание

„Гласот на Ѕвездите“ првпат се одржа во 2025 година, со медиумска поддршка од Сител и Телма. Најсилен беше спојот на младите таленти со нивните семејства: децата добија сцена и глас, наставниците ги пренесоа своите пораки преку децата, а родителите и гостите создадоа голема позитивна енергија.

Проектот има пилот-карактер, со дух на придонес, искуство и поддршка за децата на нивниот пат кон успехот.

← Назад на сите проекти