Работилница со музичари
„Гласот на Ѕвездите 2026“ · втор настан
Втората работилница од „Гласот на Ѕвездите 2026“ е посветена на младите музичари. Се одржува на 28 октомври 2026 година, во 14:00 часот, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода.
Многумина од учесниците веќе се познати во своите училишта. Гостите музичари ќе им раскажат дека популарноста не е последната станица: по неа доаѓа одговорност, товар што треба да се понесе. Заедно ќе разговараат кој е тој товар и како да се избере патот што води кон вистинските одлуки.
Гости
- Таско (Христијан Тасковски), музичар
- „Допамин“, музичка група
- Максим Пандилов, млад музичар
- Лука Илиев, млад музичар
Водители на работилницата се Сашо Пандилов и Сашо Илиев.
Пораката
Работилницата ги повикува младите музичари што веќе настапувале соло, во група или во хор да станат лидери и ментори. На завршниот концерт тие ќе поведат на сцена помали деца, за нивни први настапи, во сојузништво со своите повозрасни.