Што навистина ја создава самодовербата?
Денес зборот „самодоверба“ се користи насекаде.
Го гледаме на социјални мрежи, во мотивациски пораки, во совети за успех, изглед и кариера.
Но дали самодовербата навистина е само чувство?
И дали човекот се раѓа со неа или ја создава низ животот?
Според гледиштето на „Незапирливи“, самодовербата не е маска, глума или моментална емоција. Таа е состојба која влијае на начинот на кој човекот се однесува кон светот, но и кон самиот себе.
Самодовербата е жив систем составен од три главни компоненти:
• Физичка
• Интелектуална
• Духовна
Интелектуалната компонента е способноста на човекот да ги препознава, разбира и процесира информациите околу себе. Преку неа учиме, носиме одлуки и наоѓаме решенија за новите ситуации во животот.
Физичката компонента е акцијата.
Тоа е она што реално го создаваме, правиме и менуваме во материјалниот свет. Без акција, човекот влегува во пасивност. А пасивноста постепено го гаси животот.
Но можеби најкревката и најдлабоката компонента е духовната.
Тоа е чистината на нашиот идеал, нашата внатрешна состојба и начинот на кој комуницираме со сопствената душа.
Емоциите се јазикот преку кој комуницираме со духовната компонента.
Позитивните емоции поттикнуваат раст. Негативните емоции создаваат внатрешен немир, страв, завист, анксиозност и оддалечување од сопствената суштина.
Токму затоа човек може надворешно да изгледа силно, а внатрешно да биде во пад на самодовербата.
Дали и најголемите професионалци може да клекнат при пад на самодовербата?
Да. Затоа што самодовербата не е статус. Таа е состојба која постојано се гради, одржува и развива.
На овој вебинар ќе се отвори искрен разговор за:
• несигурностите,
• емоциите,
• пасивноста,
• акцијата,
• и начинот на кој човекот повторно се поврзува со себе.
Затоа што вистинската промена не започнува од надвор.
Таа започнува во моментот кога човекот станува свесен за сопствената состојба.
Можеби токму таму започнува и вистинската самодоверба.
Вебинарот ќе се одржи на 28 мај 2026 година (четврток) со почеток во 19:00 часот, во online формат.
Учеството е бесплатно, а пријавувањето се одвива преку линкот за регистрација подолу.
Формулар за пријавување на вебинарот!
