Проект "Патот до Успехот" Пилот иницијатица за поддршка на талентирани деца

  Образовниот систем денес се соочува со бројни предизвици, од намалено ниво на знаење, преку краткото време што учениците го поминуваат во училиште, до намалената мотивација и вклученост во наставата. Во ваков контекст, проектот „Патот до успехот“, реализиран од здружението Незапирливи, претставува свеж, иновативен и долгоочекуван пристап кој става фокус на  талентот на детето.

  Иницијативата е пилот-модел развиен со цел да се испроба нов системски пристап во кој секое дете има можност да го покаже и развие својот потенцијал. Проектот влече инспирација од личната приказна на родители на талентирани деца – приказна која прерасна во методологија за поддршка, мотивација и откривање на талентот уште од најрана возраст.

Што претставува концептот „Незапирливи“?

  „Незапирливи“ се темели на идејата дека талентот не е случајност, туку скриено богатство што треба навреме да се препознае и негува. Овој модел покажува дека со правилен пристап, соработка и поддршка – секое дете може да блесне.

Проектот истовремено нуди современ одговор на предизвиците со кои се соочува образованието, не само кај нас, туку и во регионот. Тој покажува како заедничката работа помеѓу наставници, родители и стручни лица може да создаде средина во која успехот е достапен за секого.

Што беше реализирано? – Хронологија на активностите

Проектот се спроведуваше во четири клучни фази:
• 29–30 август 2024

Работни средби со стручните служби на училиштата.
• 1–8 септември 2024

Состаночи со Советите на родители, со акцент на улогата на родителската поддршка.
• 25 септември – 8 октомври 2024

Интерактивни работилници со наставниците, насочени кон техники за препознавање и поддршка на талентите.
• 7–11 октомври 2024

Манифестации со учениците – познатиот „Караван на талентот“, организиран во рамките на Неделата на детето.

Во проектот активно учествуваа шест основни училишта од општината Кисела Вода:

  • ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“
  • ООУ „Партенија Зографски“
  • ООУ „Круме Кепески“
  • ООУ „Св. Климент Охридски“
  • ООУ „Кузман Шапкарев“
  • ООУ „Рајко Жинзифов“

 

Клучни придобивки од работилниците
Работилниците дадоа значајни резултати:

  • Препознавање и насочување на талентираните ученици
  • Јакнење на улогата на наставниците како ментори и поддржувачи
  • Поттикнување соработка помеѓу наставниците, родителите и заедницата
  • Зајакнување на самодовербата и мотивацијата на наставниците
  • Позитивна енергија и инспиративни примери кои го потврдија значењето на овој пристап

Зошто „Патот до успехот“ е важен?

  Бидејќи покажува дека образованието може да се развива во насока што навистина одговара на потребите на децата. Овој проект е доказ дека, кога се слушаат децата, кога наставниците имаат поддршка, кога родителите се вклучени и кога заедницата е отворена за нови идеи, се создава средина каде успехот е природен.