Манифестација „Караван На Талентот“

  Манифестацијата „Караван на талентот“ беше завршниот настан од пилот-проектот „Патот до успехот“, реализиран во текот на Неделата на детето во основните училишта во општина Кисела Вода. Настанот беше дел од креативната програма што ја промовира детската дарба и ги охрабрува талентираните ученици.

  Во сите училишта учесници, учениците имаа можност сами да ја организираат својата приредба – од идеја и сценарио, до целосна сценска изведба. Со поддршка од наставниците и стручните служби, тие создадоа програми исполнети со музика, танц, драмски сцени, рецитирање, изведби на странски јазици, спортски демонстрации и креативни проекти. Салите беа исполнети со радост, ентузијазам и силна поддршка од родителите и наставниците.

 „Караван на талентот“ не беше само обична приредба – тоа беше празник на талентот, самодовербата и креативноста кај децата. Ваквите активности придонесуваат за поквалитетно образование и им помагаат на учениците да го откријат и развијат својот потенцијал.

Сите ученици добија благодарници, а наставниците потврди за учество во проектот.